(ФОТО) ЗА ДУИ КОРОНАТА Е УМРЕНО: Обичниот народ ќе носи маски, а функционерите на ДУИ ќе слават по ресторани
25/03/2021 15:02Градоначалникот на Кичево на социјалните мрежи се пофали со прослава во негова организација на која се славеа 40 години од почетокот на „албанската пролет“.

Прославата беше посветена пред се на УЧК а можеа да се видат албански симболи со Скендербег.

Но кои сме ние да им кажеме што да слават…

Тоа што е најпроблематично е што на сликите се гледаат 100-тина функционери на ДУИ без маски во затворена просторија како небаре да сме во вакцинираниот Израел, а Кичево е Тел Авив….

На фотографиите се гледаат без маски претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на ДУИ Али Ахмети, градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, министер за финансии Фатмир Бесими, министер за економија Крешник Бектеши, министер за животна средина Насер Нуредини…

Носете вие маски кога не сте министри…
Сите фотoграфии можете да ги погледнете на следниов линк…






