MKinformer

your daily dose of news

СРБИЈА ДОНИРАШЕ 13.000 ДОПОЛНИТЕЛНИ ВАКЦИНИ „СПУТНИК“ НА МАКЕДОНИЈА

28/04/2021 11:27

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска соопшти дека Србија и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на Македонија, наведувајќи дека досега на земјава и се донирани вкупно 48.000 вакцини.

Обраќајќи се пред новинарите при посетата на термоцентралата во Костолац, Брнабиќ потврди дека до Македонија споменатите количини на вакцината „Спутник В“ биле доставени доцна синоќа како дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.

Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

– Не можеме да се вратиме во нормален живот ако сите други не се вратат. Тоа е инвестиција во заедничката сигурност и безбедност, оцени Брнабиќ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!