MKinformer

your daily dose of news

Поглед кон иднината преку филмската камера: Дистописка уметност или неизбежна реалност?

29/04/2021 10:55

Визијата на свет во кој што човештвото е на ивица на опстанокот, заробено и составено од поединци кои не осеќаат ни љубов, ни радост, туку само страв – се главни мотиви на дистописките жанрови. Језивото чуство дека таквите визии се повеќе наликуваат на реалноста во која живееме, а се помалку на далечна и невозможна иднина ја прави дистопијата по актуелна него било кога.

Жанрот на дистопија е карактеристичен по приказите на замислен свет кој во максимимум се прикажани лошите страни на денешната цивилизација, и начесто се базира на угнетување на социјалните норми, како кај тоталитарните влади.

Дали денес, како што ни поминаа годините гледајќи дистописки серии, навистина живееме во она што досега го гледавме пред малите екрани?

Додека во минатата деценија гледавме најразлични верзии на дистописка иднина, каде што се прикажува како светот би изгледал после нуклеарна катастрофа, посета на вонземна цивилизација, дистописките филмови и серии денес се стремат на прикажување на човековата неспремност према природата и технологијата, односно мрачната иднина на човештвото кое се доведува на работ на постоењето поради климатските промени или вештачка интелегенција која не надмудрила.

„Секое време има своја омилена катастрофа. Нуклеарната катастрофа беше хит за време на Студената војна. Истражувањето на вселената и слетувањето на Месечината го потикнаа размислувањето околу посетата на вонземна цивилизација, а потоа дојде и енегетската криза која донесе филмови инспирирани од таа тема.“ вели писателот Горан Скробоња во разговор за Спутник.

Можните последици или неконтролиран развој на вештачката интелегенција не е ни нова ни оригинална тема во филмската уметност, но е тема која до пред неколку децении се сметаше како плод на уметничка способност него ли како инспирација за непосредната реалност дека се наоќаме на работ на ваква дистописка сегашност.

Дистописките серии и филмови денес, доживуваат хипер-продукции, не само поради технолошките напредоци и можноста да допрат до што поголема публика, туку и поради иднината која се покажува на филмското платно и пред малите екрани, понекогаш совршено се преклопува со нашата сегашност

Технологијата која нас ни овозможува да ги оствариме нашите сонови за идеална љубов, која ги прати тинејџерите на секој чекор, штитејќи ги од сите опасности на надворешниот свет, компјутерските игри кои не водат во виртуелна реалност од која не сакаме да излеземе, роботи кој ни ги олеснуваат досадните куќни обврски, ни ги чуваат децата и едноставно слушаат кога ќе посакаме да се развикаме или пожалиме на некого – сите овие „предности“ на современото доба веќе на некој начин ги користиме, или барем можеме без потешкотии да ги замислиме во многу блиска иднина.

Во дистописките филмови и серии сите овие „предности“ на современото доба имаат језив обратен ефект кој не предупредува на опасниот правец во кој се движиме како вид.

И не само тоа, некои од нив веќе и сугерираат дека сме тргнале на патот од кој нема враќање. Творците на серијата „Црно Огледало“ која до сега има пет сезони, минатата година ја одложи шестата сезона поради пандемијата. На нестпливата публика преку билборди низ светот им се обратија со натписот „Црно огледало, шеста сезона. Во живо. Насекаде околу нас“.

Исак Асимов своевремено кажал дека проблемот со човештвото е во тоа што технологијата се развива многу побрзо од тоа што човекот може да се справи и прилагоди.

Филмскиот критичар Мирољуб Стојанович е уверен дека мрачните визии за иднината кои ги создаваат сериите и филмовите може да ги наведат гледачите да го преиспитаат својот однос кон се она што би ја загрозила нивната слобода и егзистенција.

Дали ке ги прифатиме мрачните иднини кој ги нудат дистописките филмови и серии само времето ќе покаже, но сепак, каде ќе не одведе иднината на технологијата, можеме само да претпоставуваме.

error: Содржината е заштитена од копирање !!