ДВЕ МЕГАЗВЕЗДИ НА ЗАЕДНИЧКА СЦЕНА: Бајага и Владо Јаневски со заеднички концерт за денот на заљубените
01/02/2026 13:14
Легендарниот Бајага и македонскиот хитмејкер Владо Јаневски официјално го најавија својот заеднички концерт кој ќе се одржи на 14 февруари, на Денот на виното и љубовта, во Арена Борис Трајковски.

На заедничката прес-конференција, двајцата музичари ветија долга, повеќечасовна музичка вечер исполнета со нивните безвременски хитови, кои со децении ја обележуваат регионалната музичка сцена. Концертот ќе го отвори домаќинот Владо Јаневски, кој ќе настапи со својот бенд, по што на сцената ќе излезе Бајага со своите Инструктори.
„Мислам дека е добар повод Денот на вљубените за еден голем концерт кој долго ќе трае“, изјави Бајага на средбата со новинарите.
Како што истакнаа Владо Јаневски и Бобан од Авалон продукција, „виновникот“ за овој музички спектакл, публиката ќе има можност да слушне најмалку 40 хит-песни од двајцата врвни артисти.
Овој концерт се најавува како еден од најголемите музички настани во Скопје за 2026 година и вистински подарок за сите љубители на квалитетна поп и рок музика.
Пишува
Милева Лазова






