(Фото+Видео) „Тимот А“ – oтвopeн цeнтap зa paнa интepвeнциja и cтимyлaциja зa дeцa и вoзpacни
05/05/2021 15:48Екипата на „Инфомакс“ денеска присуствуваше на свеченото отварање на Центарот за рана интервенција и стимулација за деца и возрасни. Центарот „Тимот А“, третира и помага на многу специфична категорија на граѓани од нашето општество, се со цел да им помогне во социјализацијата.

На оваа тема поразговаравме со Стефанија Трајческа која нагласи дека станува збор за прв ваков центар во регионот.
– „Нашиот центар, „Тимот А“, морам да нагласам дека е првиот центар во овој регион кој го носи називот – Центар за возрасни, бидејќи секогаш кога ќе се слушне и кога ќе се нагласи терминот специјален едукатор и рехабилитатор, како и логопед, секогаш се мисли дека тоа е секогаш работа со мала популација, односно со деца“.
Таа потенцираше дека покрај со деца Центарот работи и со возрасни лица од кои најголем дел се лица од аутистичен спектар.
– „Сакам во оваа пригода да нагласам дека ние работиме и со возрасни лица, дека ние сме тука за адолесценти и за повозрасната популација како што кажав. „Тимот А“ е центар кој што работи со дечиња пред се. Тука во нашиот центар моментално стартуваме со деца кои што имаат проблеми со слухот, најголем процент ни се со аутистичен спектар, лица кои што имаат проблеми со говорот“.

Идејата за овој проект се родила од љубовта кон професијата на Стефанија Трајчевска и Викторија Сиљановска.
– Оваа идеја не може да му текне на човек, човек мора да се роди со оваа идеја, затоа што ова е нешто што може да го работат само оние кои што имаат добра пракса и исклучително добра енергија. Порај љубовта и професионалноста, енергијата е најважна, се со цел да детето мора да ја почувствува таа енергија бидејќи децата знаат, децата чувствуваат, кој може, кој сака, кој всушност знае да им помогне“.

Примарните услуги кои ги нуди центарот се стимулација на деца и возрасни како и работа со спцијални индукатори и рахабилитатори, дефектолог и логопед специјалист.
– „Како примарни услуги во „Тимот А“, во Центарот за рана интервенција и стимулација за деца и возрасни, нудиме работа со специјални индукатори и рехабилитатори, дефектолог и клинички логопед специјалист. Тоа ни се примарните работи, но дополнително се надоградуваме со обуки“.

За крај Трајческа посочува сите оние кои се заинтересирани за деталите кои ги нуди овој Центар да го погледнат блогот за повеќе детали и информации.
– „Нашиот центар, покрај тоа што работи со деца кои што имаат специфични потреби, ние работиме и со деца кои што имаат потреба од само стимулација, дали тоа се работи за моторика, дали тоа се работи за сензорика, дали се работи за стимулација во предшколската возраст, сите тие работи накнадно ќе ги видите на нашиот блог, исто така и на брошурите кои доаѓаат за целите што што ги нуди „Тимот А“.“
Видео линкот може да го погледнете ТУКА.






