MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Taжнa вecт: Пoчинa пoзнaт македонски хapмoникaш и мyзичap кaкo пocлeдицa нa Koвид-19

12/05/2021 10:27

Oд компликации како последици на Ковид–19 почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш, Тодор Трајчевски.

Трајчевски е роден 1954. година во Штип. Студирал на факултетот за музичка уметност во Скопје, се вработил во 1983 во Народниот оркестар на МРТ, а потоа станал и негов раководител во 1988 година.<br>Автор е на повеќе од 200 песни од различни жанрови, има над 400 аранжмани, како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,„Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ и др.), инспирирани од фолклорното наследство на Македонија.

Пишувал и класични композиции (главно за тромбон и клавир, во соработка со Дуо Рибарски). Постојан учесник на речиси сите фестивали во Македонија. М. Кол.

error: Содржината е заштитена од копирање !!