MKinformer

your daily dose of news

Снег на Пелистер на првиот ден од есента: Планината утрово побеле

23/09/2026 12:41

Снег на Пелистер падна на првиот ден од есента, а делови од планината утрово осамнаа под бела покривка.

Од Националниот парк „Пелистер“ објавија фотографии од снежните предели.

„Првиот ден од есента на Пелистер ни донесе снег“, порачаа од Националниот парк.

На фотографиите се гледа белина на повисоките делови од планината.

Снегот пристигна токму на почетокот на календарската есен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MK!nformer (@mkinformer)

Промената на времето донесе значително пониски температури и во поширокиот регион.

Првиот снег сезонава вчера ги побеле и планинските врвови во делови од Србија.

Снежни врнежи беа регистрирани на Копаоник и Голија.

На Копаоник температурата се движела околу еден степен Целзиусов.

Раното заладување така донесе зимски слики на Балканот уште на самиот почеток на есента.

Снег на Пелистер го одбележа првиот есенски ден и донесе впечатливи зимски глетки на планината.

error: Содржината е заштитена од копирање !!