MKinformer

your daily dose of news

Пo 19 гoдини зaвpшyвa нejзинoтo шoy: Елен Деџенерис нajaви кpaj

13/05/2021 10:55

Водителката Елен Деџенерис најави крај на своето долгогодишно шоу. Шоуто ќе заврши во 2022 година по 19 години емитување.

-Колку и да е оваа емисија добра и забавна, едноставно повеќе не ми претставува предизвик, изјавил водителката за Холивуд Рипортер.

Веста за завршување на популарната емисија доаѓа само неколку месеци откако поранешни вработени во јавноста излегоа со изјави дека емисијата е „токсично место за работа“.

По ова три продиценти ја загубија работата, а Деџенерис сезоната ја отвори со извинување. Шоуто се емитува од 2003 година и е една од најпознатите во светот.

Сакав емисијата да ја завршам после 16-тата сезона. Тоа требаше да биде мојата последна сезона, но сакаат да потпишам договор на уште четири години. Јас реков дека ќе потпишам можеби на уште една. Не се согласија на една година, па најдовме компромис на три. Знаев дека тоа ќе биде мојата последна сезона, додава Елен.

Водителката ги отфрла тврдењата дека емисијата завршувања поради обвинувањата на поранешните вработени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!