(Фото) Се разлади по средбата со Путин: Лукашенко пливаше во Црно море на 16 степени
30/05/2021 19:20Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја искористи можноста за време на неговата посета на Русија, на паузата од разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, да се ибања во Црното Море.
Лукашенко ја прифати поканата на неговиот руски колега да се искапат во Црното Море. Температурата на водата е плус 16 степени, се наведува во соопштението на телеграмскиот канал „Пул Први“.
Лукашенко пристигна во регионот Краснодар во петокот за да разговара со Путин, а нивната средба траеше повеќе од пет часа. Двајцата претседатели вчера заминаа на брод на Црното море.
Путин и Лукашенко, меѓу другото, разговараа и за ситуацијата што се појави по присилното слетување во Минск на авион на „Рајанер“ кој леташе кон Вилнус од Атина, кога беше уапсен дисидентскиот новинар Роман Проташевич.

![Лукашенко co jacнa и глacнa пopaкa - Aкo вo Белорусија нeштo „eкcплoдиpa“ ќe зaпoчнe cвeтcкa вojнa lukasenko[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/lukasenko1.jpeg)




