(Фото) Кyчe-дyшкaч фaти 167 кг мapихyaнa кoja мaкeдoнcки дpжaвjaнин ja пpeнecyвaл вo Грција
31/05/2021 13:09Речиси 167 килограми канабис и еден пиштол открила грчката полиција во товарен камион на автопатот од Евзони кон Солун и го уапсила возачот, странски државјанин, кој се товари за внесување на дрога во Грција. Според грчката новинска агенција АНА-МПА станува збор за 37-годишен државјанин на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштуваат дека уапсениот со камион за меѓународен транспорт влегол во Грција од граничниот премин Евзони (Богородица), а бил запрен на автопатот кон Солун во организирана акција на Секторот за борба со дрога и со помош на куче- душкач бил откриен канабисот.
При контрола на возилото, со помош на полицајци од тимот за од тимот за спречување и сузбивање на криминал и куче за откривање дрога од Царинската служба Евзони, беа пронајдени, добро скриени под подот на возилото 92 пакувања канабис со тежина од 166 килограми и 862 грама. Исто така, во едно од пакувањата беше откриен пиштол со два полначи и осум куршуми, кои беа запленети, соопштија од грчката полиција и додаваат дека запленети се и камионот и трите мобилни телефони на возачот.

Уапсениот ќе биде изведен пред јавен обвинител.

![Втop cocтaнoк на работната група за кaнaбиc, дeфиниpaни пoимитe дeкpиминaлизaциja, лeгaлизaциja и дeпeнaлизaциja kanabis-biznis[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/kanabis-biznis1.jpg)



