Еуроактив: Бугарија нема да го ykине ветото, нема услови за Меѓувладина конференција
17/06/2021 19:51На состанокот на Советот за општи работи, закажан за 22 јуни во Луксембург, се очекува Бугарија да ја задржи сегашната позиција во однос на рамката за преговори за пристап на Македонија во ЕУ, пишува Еуроактив.
Советот за општи работи ќе биде подготовка за состанокот на Европскиот совет закажан на 24-25 јуни.
Преговарачката рамка за пристапување на Македонија во ЕУ треба да ги содржи потребните гаранции во врска со спроведувањето на Договорот за соседство во 2017 година, кои во моментов не постојат. Не се исполнети ниту условите за спроведување на Меѓувладината конференција.
Во исто време, Бугарија рече дека останува отворена за дијалог и презема чекори за градење доверба и враќање во прагматичен и конструктивен дијалог.


![Пocлeднaтa нaдeж зa ЕУ нa Османи e кaj бyгapcкиoт пpeтceдaтeл Радев osmani2[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/osmani21.jpg)



