Владата ја ykина мерката за огpaничен капацитет превоз на патници за сите превозни средства
22/06/2021 18:27Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100% на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, со обврска превозниците одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.
На денешната седница Владата донесе одлука да се дозволи влез на придружниците на патниците на меѓународните летови во двете аеродромски згради на ТАВ согласно одредбите за лична заштита опфатени со протоколите за управување со меѓународните аеродроми во нашата земја, се наведува во соопштението од Владата.






