MKinformer

your daily dose of news

Денес без вода делови од Маџари и Центар, намален притисок во Хиподром и Трубарево

25/09/2026 8:19

Од ЈКП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска ќе има прекин на водоснабдувањето во Скопје на неколку локации поради интервенции на водоводната мрежа.

Во населбата Маџари, Општина Гази Баба, прекин во снабдувањето ќе има поради изведување водоводен приклучок на улицата „Маџари“ бб, во делот кај Триангла.

Прекинот ќе започне од 9:00 часот.

Намален притисок во Хиподром и Трубарево

Поради истиот зафат, корисниците во Хиподром и Трубарево ќе имаат намален притисок во водоводната мрежа.

И таму промените во водоснабдувањето ќе започнат од 9:00 часот.

Без вода и на „Пиринска“

Прекин ќе има и во Општина Центар.

Поради уличен дефект на булеварот „Партизански Одреди“ број 14, без вода ќе останат корисниците од улицата „Пиринска“.

Прекинот и таму започнува од 9:00 часот.

Од претпријатието не е прецизирано до кога ќе траат интервенциите.

Прекин на водоснабдувањето во Скопје денеска ќе има во Маџари и на улицата „Пиринска“, додека Хиподром и Трубарево ќе бидат со намален притисок.

error: Содржината е заштитена од копирање !!