MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Пијани навивачи направија xaос низ Лондон пред големото финале на Европското првенство во фудбал

11/07/2021 18:05

Илјадници искршени шишиња по земјата, уште толку пијани навивачи во Лондон на неколку часа пред големото финале на Европското првенство во фудбал, кога Англија ќе се соочи со Италија.

Навивачите кои пристигнаа од Италија засега се изолирани и ќе пристигнат директно на стадионот за да биде спречен конфликт меѓу двете групи, но тоа не им пречеше на Англичаните да се истепаат меѓусебно.

Хаосот владееше на неколку плоштади низ градот, а најжестоко беше на Лејчестер каде летаа шишиња со пиво. Оние кои преживеаја конечно одат да го фатат своето место на трибините.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!