MKinformer

your daily dose of news

(Фото) Џамбазов му одговори на Трифонов: Се чекаме во вселенска станица Ќустендил

13/07/2021 10:58

Откако Слави Трифунов, лидерот на партијата „Има таков народ“ изјави дека ќе направи сè за да испрати Бугарин и Бугарка како астронаути во NASA, а со нив и еден „северномакедонски“ астронаут, веднаш се огласи Игор Џамбазов.

Игор Џамбазов се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, објавувајќи интересни фотографии.

Како што може да се види од фотографиите, Џамбазов веќе „облекол“ вселенски скафандер, па со нетрпение ја очекува средбата со колегите астронаути пред „вселенската станица Ќустендил“…

Објавата ви ја пренесуваме во целост:

„Ги повикувам сите колеги астронаути, утре во 17 часот да се чекаме пред вселенската станица Ќустендил за да го одработиме првиот тренинг“, напишал Џамбазов.

Објавата на Инстаграм може да ја погледнете ТУКА.

error: Содржината е заштитена од копирање !!