(Видео) Пијан заспал возејќи „Tesla“, автомобилот му го спасил животот
04/08/2021 21:40Видеото го прикажува моментот во кој автомобилот запрал…
Еден немил настан бил снимен со камера на мобилен телефон во Норвешка. Според достапните информации, станува збор за 24-годишен возач кој под дејство на алкохол возел „Tesla Model S“.
Возачот заспал во текот на возењето, а тоа го препознал автопилотскиот систем за самостојно управување на „Tesla“ кој ја презел контролата и го запрел возилото со влегување во тунелот Ноствет.
Притоа, на автомобилот се активирале светлата за предупредување со цел да се известат останатите учесници во сообраќајот за итната ситуација.
По повод ваквиот настан се огласила и норвешката полиција која известила на Твитер дека возачот бил пијан и тврдел дека не управувал со возилото.
За потсетување, „Tesla Motors“ постојано го унапредува својот систем за самоуправување, но исто така предупредува дека секој облик на злоупотреба може да заврши со катастрофални последици. Затоа, ги советуваат возачите и при активирање на автопилотот да ги држат рацете на воланот и да го следат сообраќајот.
Tesla owner in Norway suffers unconsciousness while driving, Tesla autopilot detects it, slows, comes to a stop so EMS can help @elonmusk @Tesla ❤️🩹🚑
— Austin Tesla Club (@AustinTeslaClub) July 31, 2021






