MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Вулканот Етна „порасна“ неколку метри при последната ерупција

10/08/2021 20:14

Зголемената активност на вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, резултираше со тоа што вулканот порасна неколку метри, па сега е висок 3.357 метри, објави италијанскиот Институт за вулканологија.

„Активноста на Етна во текот на 2021 година резултираше со насобирање на поголемо количество пирокластичен материјал и слоеви лава на конусот од југосточниот кратер, најмладиот и најактивниот од четирите кратери на врвот на Етна, што доведе до значителна трансформација на изгледот на вулканот“, стои во соопштението на Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).

Благодарение на анализата на сателитските снимки, научниците од ИНГВ заклучиле дека југоисточн иот кратер сега го претекнал својот „голем брат“ на североистокот, кој во последните 40 години беше највисок врв на познатиот вулкан.

Податокот за надморската висина од 3.357 метри, со грешка од плус минус 3 мети, е добиен благодарение на сателитските снимки од сателитот Плеиадес, снимен во јули во склоп на меѓународнотео партнерство „Geohazard Supersites and Natural Laboratories“, што овозможи ажурирање на дигиталниот модел на Етна.

Од 1980 година врвот на вулканот се наоѓаше на североисточниот кратер, кој по еруптивните активности во септемри таа година и фебруари 1981 година досегна максимална висина од 3.326 метри.

Етна е еден од најатрактивните вулкани во светот, а честите ерупции траат во последните 500.000 години.

error: Содржината е заштитена од копирање !!