(Видео) Bo Франција се случува виcтискa peвoлyциja: Aктивисти блокиpaa влез во мapкeт кoj нe пpимa нeвakциниpaни
19/08/2021 12:56
Воведувањето на вакциналната пропусница има обратен ефект низ Франција, при што илјадници граѓани кои одбиваат да се вакцинираат секојдневно протестираат ширум државата.
Соочени со оваа ситуација, невакцинираните луѓе се организираа насилно да влезат во супермаркет во Марсеј и да го блокираат пристапот до истиот бидејќи не дозволува влез на невакцинирани муштерии.
Снимката е направена во Марсеј каде активистите кои протестираат против ковид пропусницата го блокираа влезот во супермаркетот Аухан затоа што тој одбива да дозволи влез за невакцинирани клиенти.
“Она што го сакаме е само да можеме да влеземе и да купиме основни продукти, да можеме да јадеме … Владата одбива да им дозволи на мајките да ги хранат своите деца? Значи, ќе имаме блокада додека не се откажат “, вели еден од активистите.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.




