MKinformer

your daily dose of news

Растypена нapkо бaндa од Балканот: Уапceни над 20 членови, зaплeнeти дpoга, opyжје и 360.000 евра

19/08/2021 14:51

Австриската полиција уапси 21 член на нарко банда од Балканот, која заработи неколку милиони евра со продажба на наркотици во Виена.
По интензивна истрага, единицата за борба против уличниот криминал (ЕГС) успеа да нанесе нов удар на меѓународниот синџир за трговија со дрога.
За само неколку дена, според денешното соопштение, полицијата уапси 21 осомничен во четири акции и по тој повод заплени околу 29 килограми кокаин, 9,5 килограми хероин, околу два килограми марихуана и околу 36,5 килограми средства за производство на дрога На
Приведените поседувале и неколку пиштоли, како и фалсификувани документи и 360.000 евра во готово.

Само двајца од 21 уапсен биле со пријавен престој Австрија. Другите уапсени се претежно од Србија, Хрватска и Црна Гора, објави Танјуг.

error: Содржината е заштитена од копирање !!