MKinformer

your daily dose of news

ВО АВСТРИЈА РАЗБИЕНА УШТЕ ЕДНА НАРКО ГРУПА ОД БАЛКАНОТ

03/03/2025 11:25

Виенската оперативна група за сузбивање на уличен криминал растури нарко банда од Балканот.

Како што велат, уапсиле пет лица кои се поврзани со шверц и препродажба на големи количества наркотици.

По неколкумесечна истрага, утрово е уапсен 57-годишен маж во Виена-Отакринг, во чиј стан пронашле неколку килограми разновидни наркотици. Тој е осомничен дека подолго време продавал дрога по улиците во Виена.

По апсењето, полицијата се пуштила во потера и по неговите најблиски соработници.

Така полицијата уапсила уште четворица државјани на Србија на возраст од 25 до 29 години, кои набавувале и „дистрибуирале“ дрога не само во Виена, туку и во други делови на Австрија.

При претресот во просториите каде што престојувале уапсените, пронајдени се 2,3 килограми хероин, 30 видови супститути на дрога, околу пет килограми марихуана и 12 килограми смеса помешана со наркотици. Покрај дрогата пронајдени се и околу 4.500 евра во кеш. Сите се приведени, а истрагата продолжува бидејќи полицијата смета дека ова е само дел од банда која се занимава со многу поголеми количества наркотици.

error: Содржината е заштитена од копирање !!