Растypена нapkо бaндa од Балканот: Уапceни над 20 членови, зaплeнeти дpoга, opyжје и 360.000 евра
19/08/2021 14:51Австриската полиција уапси 21 член на нарко банда од Балканот, која заработи неколку милиони евра со продажба на наркотици во Виена.
По интензивна истрага, единицата за борба против уличниот криминал (ЕГС) успеа да нанесе нов удар на меѓународниот синџир за трговија со дрога.
За само неколку дена, според денешното соопштение, полицијата уапси 21 осомничен во четири акции и по тој повод заплени околу 29 килограми кокаин, 9,5 килограми хероин, околу два килограми марихуана и околу 36,5 килограми средства за производство на дрога На
Приведените поседувале и неколку пиштоли, како и фалсификувани документи и 360.000 евра во готово.
Само двајца од 21 уапсен биле со пријавен престој Австрија. Другите уапсени се претежно од Србија, Хрватска и Црна Гора, објави Танјуг.






