(Фото) Ја „нaпaднаа“ папагали: Меркел стана хит на интернетот по посетата на зоолошката градина
25/09/2021 12:20Германската канцеларка Ангела Меркел на социјалните мрежи се појави во опуштено издани во посета на ЗОО со птици во местото Марлов што се наоѓа во сојузната покраина Мекленбург во сеевроисточниот дел на Германија.
Меркел позира со шарени папагали, а кога ја фатиле за рака, канцеларката вриснала. Фотографите го фатиле токму тој момент, а фотографиите од паркот на птиците набрзо станале вирални.
Под фотографиите се појавија илјадници коментари, а некои ја споредуваат германската канцеларка ја споредуваат со Харли Квин која се појавува во американските стрипови, а некои пишуваат дека Меркел со птиците ги потсетувс жената со гулабите од филмот „Сам дома 2“.
Ангела Меркел наскоро ја завршува политичката кариера и историските 16 години на власт во Германија. Таа е толку долго на функцијата што ја нарекуваат и „вечна канцеларка“.
Иако нејзиното име се најде на листата на желби на клучните позиции во ЕУ и во Обединетите нации, Меркел најави дека по завршувањето на мандатот, целосно ќе ја напушти политиката. Запрашана на што најмногу се радува за претстојните пензионерски денови, одговори:
„Се радувам на тоа што не ќе морам стално да донесувам одлуки“.
Merkel visited a bird zoo today and the photos are everything. This isn’t photoshop, it actually happened pic.twitter.com/f4IHRIzXwt
— Marcel Dirsus (@marceldirsus) September 24, 2021



![Pecтрикции за неваkцинираните во Германија, влезот им е забранет речиси секаде korona-germanija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/korona-germanija1.jpg)
