MKinformer

your daily dose of news

ПРЕКУ 60% ОД ГЕРМАНЦИТЕ ТАГУВААТ ПО МЕРКЕЛ И СМЕТААТ ДЕКА ТОГАШ ЖИВЕЕЛЕ ПОДОБРО

23/07/2024 8:20

Истражувањата покажуваат дека дури 61 отсто од Германците веруваат дека по заминувањето на Ангела Меркел, ситуацијата во земјата се променила на полошо. Сега мнозинството Германци позитивно го доживуваат владеењето на Меркел и за новите проблеми ја обвинуваат актуелната влада и нејзиниот шеф Олаф Шолц.

Ангела Меркел, првата жена канцеларка, во среда го слави својот 70-ти роденден. „Берлинер цајтунг“ забележува дека долгогодишното владеење на Меркел е историја веќе неколку години и дека Германците би можеле да имаат свој впечаток за тој период.

Повикувајќи се на истражувањето на агенцијата „Ју Гов“, пишува дека според на мнозинството Германци, ситуацијата во земјата по оставката на Меркел „не се промени на подобро“.

„Дури 61 отсто од 2.030 испитаници сметаат дека ситуацијата во земјата се развила негативно откако Меркел ја напушти политиката. Една четвртина сметаат дека нема големи промени. Повеќето од оние кои веруваат дека земјата оди од лошо во полошо, ја обвинуваат сегашната коалиција „семафор“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!