MKinformer

your daily dose of news

Се огласи организаторот на „cekc кампот“: Настанот е традиционален, и досега немало поплаки, делови од игрите се погpeшно протолкувани

30/09/2021 17:26

По обелодувањето на скандалот кој денеска ја потресе јавноста за постоење на извиднички камп во близината на Скопје каде малолетни лица биле вклучени во непримерни активности, се огласи и организаторот на кампот.

Прв Скопски Извиднички Одред“ не негира дека се случил ваков настан но жалат што ваква медиумска покриеност не се случила кога, како што велат дека организирале многу крводарителски, хуманитарни, еколошки акции, кога подигнувале свест за заштита на животна средин и ја пошумувале и чистеле државата од отпад.

За конретниот настан оттаму велат дека манифестацијата „Есенски бакнежи прегратки“ е традиционален настан чија цел е да ги спои основите на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование.

Настанот е наменет за категоријата постари извидници (постари малолетници над 16 години). На овој настан учестуваа 32 учесници доборволно пријавени во екипи по 4 лица преку своите матични одреди и 10 волонтери од ПСИО. Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера, и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно.

Есенски бакнежи, прегратки се одржува веќе 12 години и до сега сите настани поминале без никакви проблеми, поплаки или повреди, а имаат учествувано повеќе од 500 млади.

Извидништвото само по себе меѓу другото подразбира и безбеден простор каде младите може да учат, разговораат и дискутираат за важни теми за нивниот живот како што се основите на секскуалното образование без предрасуди и табуа.

Уште велат дека настанот не претставувал никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување.
Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани.

Но, родител на едно од децата вели дека малолетници ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација. Активностите на кампот вклучувале соблекување на облеката и прашања колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, боење на полови органи, пеење песни во долна облека.
Мајка на средношколец кој присуствувал на настанот организиран од Прв скопски извиднички одред потврдува дека нејзиниот син и уште шестмина учесници веднаш после кампот се отпишале од извидници, затоа што биле истрауматизирани. И таа денеска случајот ќе го пријави во полиција.
Моето дете иако е голем љубител на извидниците, е толку разочаран откако дојде од кампот, што во истиот момент излезе од извидничкиот одред и рече дека ова е акција што го оцрнува образот на извидниците. Тој е ,,за” сексуална едукација, но како што треба, а не на ваков начин. Тоа не е табу тема, но тоа што се случувало таму било крајно вулгарно и екстремно. Некое дете го терале да стави кондом на краставица. Кога не знаел како да го направи тоа, го исмејувале пред сите. Не може возрасен човек од над 40 години да доделува награда на девојче од 16 години и да и рече ,,имаш прва награда за најубави гради и следната година да дојдете поголи и повесели”. Може татко да и биде. Јас да бев известена дека такви активности ќе има на таа акција, никогаш немаше да го пуштам син ми таму, верувајте, вели мајката за весникот.

Град Скопје се оградува од активностите на Првиот скопски извиднички одред кои предизвикаа реакции во јавноста и информира дека во доставената проектна документација ја нема наведено спорната активност ниту имаат доставено каква било информација која би укажала на одржување на истата.

Градот го раскина договорот со „Прв Скопски Извиднички Одред“ а од МВР велат извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен Јавен обвинител.

„Дополнително, учесниците на настанот учествувале во приватна режија и не биле организирани од училиштата. Имајќи предвид дека настанот кој се случил предизвика лавина негативни реакции во јавноста и не шокираше и нас како институција, Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека ја споделуваат загриженоста и осудите од страна на стручните лица и општата јавност и се согласуваат дека сексуалното образование не може да се спроведува од ентузијасти, туку исклучиво од професионалци во областа.

Министерството за внатрешни работи пред два дена добило пријава од родител во врска со извидничкиот камп во близина на Скопје, на кој според, тврдењата на родителот, малолетни деца биле вклучени во непримерни активности.

Од МВР за МИА потврдуваат дека извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен Јавен обвинител. МВР, како што, нагласија оттаму постапуваат по насоки дадени од обвинителството за расчистување на случајот.

Лицата, кои се инволвирани активностите на извидничкиот камп, по насока на обвинителството се повикани на разговор во полиција, потврдија за МИА извори од истрагата.

Од обвинителство во одговор на прашање на МИА, пак велат: „Дежурен јавен обвинител е известен за настанот за кој покажувате интерес и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!