(Фото) Спpeмeтe ги jaкнитe: Oд cpeдa нaвeчep cлeдyвaaт oбилни дoждoви и гoлeм пaд нa тeмпepaтypитe
03/10/2021 12:50По се изгледа и судејќи според последно направените анализи со помош на најпрецизните нумерички модели, се гледа крајот на долготрајната суша во Македонија.
До вторник времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со максимални температури кој ќе бидат релативно високи, и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

Од среда, особено навечер и во текот на ноќта кон четврток нашата територија ќе потпадне под влијание на ИЗРАЗЕН ВЛАЖЕН воздушен бран од запад и истиот ќе услови врнежи од дожд кој ќе се прошират над целата територија на државава. На повеќе места врнежите ќе бидат ОБИЛНИ, а НАЈОБИЛНИ врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог.
Ќе има услови и за ретка појава на грмежи, а особено Долж Повардарието промената на времето ќе биде проследена и со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Голем пад на максималните температури ќе има од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот само од 11 до 18 степени и истите ќе бидат ПОТПРОСЕЧНИ за овој период од годината.
И во Скопскиот регион од среда навечер и во текот на ноќта кон четврток ќе има врнежи од дожд. Температурите ќе се искачат до околу 23 степени, додека особено од четврток ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПАД и максималните дневни од четврток ќе се искачуваат само до околу 15 степени.
Објавата на Фејсбук може да ја следите ТУКА.

![Нe излeгyвajтe oд дoмa: Cлeднатa нeдeла можни тeмпepaтури кaкви штo никoгаш cмe нeмaлe toplo-vremeeeee-650x396[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/toplo-vremeeeee-650x3961-1.jpg)




