MKinformer

your daily dose of news

(Видео+фото) Се ypна авион во Сибир, зaгинaa сите патници

03/11/2021 19:12

Транспортен авион Ан-12, кој летал на релација Јакутск – Иркутск, се урнал при слетување, изјави за Спутник претставник на итната помош. Белоруското Министерство за транспорт соопшти дека во авионот имало седум лица и дека сите загинале.
Според соопштението на Министерството, меѓу загинатите има двајца државјани на Русија, двајца на Украина и тројца на Белорусија.

Авионот исчезна од радарот околу 14 часот и 50 минути на седум километри од Иркутск. Изворите наведуваат дека авионот е во сопственост на белоруската компанија „Гродно“ .

Според информациите на службите, авионот се урнал поради лоши временски услови или техничка неисправност.
Спасувачите пристигнале на местото на настанот, авионот бил во пламен.
Извор запознаен со ситуацијата изјавил дека авионот извршувал транзитен лет и дека превезувал храна.

https://www.youtube.com/watch?v=PxkZggk8wG8

error: Содржината е заштитена од копирање !!