Рибар зaгинa од cтруeн удaр на пругата меѓу железничките станици Драчево и Лисиче
20/02/2022 16:23На 19.02.2022 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на делот од пругата меѓу железничките станици Драчево и Лисиче едно лице било повредено од струен удар.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за лицето С.Ц.(72) од Скопје, кој со трска за риболов ги допрел жиците. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството.






