MKinformer

your daily dose of news

Закани кон екипа на Итна помош во Бит Пазар: По констатирана смрт на жена, реагирала полицијата

10/02/2026 15:55

Сериозен инцидент бил пријавен ноќеска во скопската населба Бит Пазар, откако екипа на Итна медицинска помош била изложена на закани при интервенција во приватен дом.

Како што информира СВР Скопје, ноќеска на 10 февруари 2026 година, околу 02:45 часот, во полицијата било пријавено дека лекар, медицинска сестра и возач од Итната медицинска помош биле вербално загрозени при вршење на службената должност.

Екипата пристигнала во куќа на подрачјето на Бит Пазар по претходно барање за укажување лекарска помош на женско лице. По извршениот преглед, медицинските лица констатирале смрт на жената.

По констатирањето на смртта, сопругот на починатата Е.Б. (40) и нејзиниот брат Б.Н. (39), двајцата од Скопје, им упатиле закани на членовите на медицинската екипа, наведува полицијата во билтенот.

Од СВР Скопје информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави против лицата инволвирани во инцидентот.

Надлежните апелираат на почитување на медицинските и службените лица, кои во секое време постапуваат во интерес на граѓаните и јавното здравје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!