Стабилно време до петок, paзочарувачки вести за викендот
23/02/2022 18:55Денеска времето е променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.
Во следните два дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во
недела.




