ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ОБЕЗБЕДУВА УЧИЛИШТАТА
07/03/2023 12:33Македонија, живее повеќе од шесет месеци во психолошка состојба на терор на населението, преку секојдневните лажни дојави и објави за поставени бомби,пред се во основните училишта во Скопје, но и низ некои други градови.Исто така, вакви дојави за поставени наводни бомби имаше и во станбени комплекси (Џевахир), одредени институции, градски трговски центри. Досега, министерството за внатрешни работи, и покрај тоа што вели дека работи на откривање на дојавувачите, подробна и прецизна информација за тоа кои се испраќачите-нема. Последните (не)потврдени информации од првиот човек на полицијата, министерот Оливер Спасовски се дека „бомбите“ ни доаѓаат од IP адреси во Русија и Иран.Родителите се гневни и бесни, бидејќи секој ден се приморани да излегуваат од работа и да си ги земат своите деца (од пониските одделенија) од училиште. Истите ученици, потоа се тераат да се вклучуваат во он лајн настава, но тоа досега не даде ефект.
Исто така, предлогот за целосно префрлување на он лајн настава е неприфатлив. Затоа, конечно, надлежните, се фатија во костец да најдат привремено решение за горливиот проблем, кога веќе не може да се сузбијат лажните дојавувачи на бомби. Имено, предвидено е, покрај приватното обезбедување, во секое училиште, да има постојано патролен полицаец од МВР, кој ќе се грижи за безбедноста на училиштето, целосен 24 часовен видео-надзор и строга контрола на тоа, кој влегува во училиштата, односно ќе се воспостави посебен режим на движење во училиштата, за кое задолженија ќе имаат самите директори и наставниот кадар во секое односно училиште. Се проценува дека, надлежното министерство има доволен број на полицајци, кои можат да бидат распоредени низ училиштата во републиката.






