КРАДЕЦОТ ВЕЛИ „ ДРЖ ТЕ ГО КРАДЕЦОТ“
14/03/2023 11:32По старата народна „крадецот вели држете го крадецот“, претседателот на фондација „ Македонија“, радикалот Виктор Стојанов, упати директни навреди, дури и закани кон претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. Тој го обвинува шефот на државата за неонацизам, додека заборава дека неговата држава во Втората светска војна беше директен сојузник на Хитлер и Третиот Рајх.
По вчерашните изјави на шефот на државата, Стево Пендаровски, дека Софија треба да се извини за депортацијата македонските Евреи во Треблинка, реакција стигна од Претседателот на Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов и тоа директно упатена до Пендаровски.
Во објавата на ФБ тој напиша дека претседателот Пендаровски ќе одговара за неговиот неонацизам.
-Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја оправдува нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи, обвинувајќи го Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската унија! А Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и наскоро ќе го разбере!






