ДАЛИ ОСМАНИ ИЗБЕГНАЛ АТЕНТАТ ВО МОЛДАВИЈА?
15/03/2023 13:54Дали македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, бил цел на напад во Молдавија, како претседавач со ОБСЕ, е дилемата која ја пласираше во медиумите, информативната агенција на албански јазик „Журнал“
Од таму објавуваат дека бил испланиран напад врз мисијата на ОБСЕ во Бендер, а експлозијата требало да се случи пред еден месец, на 14 февруари, кога претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи бил во посета на овој регион.
Официјален Тираспол, кој е главен град на Транснистрија – регион отцепен од Молдавија, ја обвинил службата за безбедност на Украина дека го испланирала нападот.
Од Министерството за надворешни работи се уште нема одговор за овие написи.



![Во Дебар се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)


