ВО ДВА АФРИЧКИ ГЛАВНИ ГРАДОВИ ГРАЃАНИТЕ ВЕЌЕ СЕ ВОЗАТ СО БРТ, СКОПЈЕ 5 ГОДИНИ ТАПКА ВО МЕСТО
25/06/2024 13:35Граѓаните на Главниот град на Сенегал, Дакар веќе половина година ги користат услугите на новиот (БРТ) Бас Рапид Транзит систем на јавниот превоз.

Проектот се состоеше во изградба на автобуска линија за брз транзит (БРТ) од 18,4 километри и 23 станици во урбаното подрачје на Дакар, вклучувајќи 23 станици и набавка на 141 зглобни автобуси.
Целта на овој проект е да подобри автобуската мрежа во градот Дакар преку наменски ленти, зголемен капацитет и подобар квалитет на услугата во однос на безбедноста, фреквенцијата, брзината, удобноста и доверливоста.
Некои дестинации за да се стигнете се патуваше по еден час, сега најдолгото патување со БРТ е 25 минути. Тоа помогна да се намали зависноста од приватни автомобили и да се зголеми уделот на јавниот превоз во градот Дакар, кој беше преполн со сообраќај. Затоа, проектот придонесе за одржлив транспорт и ублажување на климатските промени со еколошките автобуси.
Целокупниот проект како и автобусите се од кинеско производство.
Во меѓувреме БРТ систем се гради и во Наироби, Кенија. Иститот се очекува да биде пуштен во употреба на средината на 2025 година

Во Скопје, главниот град на Република С.Македонија иако веќе градот има обезбедно пари, Советот на Град Скопје последователно на 10 седници по ред не гласа согласност за да отпочне реализацијата.
БРТ проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ.
Новиот систем е предвидено да има две линии кои ќе го поврзуваат градот по линија исток-запад (од Ѓорче Петров до Ново Лисиче) и север-југ (од Бутел до Пинтија), а двете линии ќе се преклопуваат во центарот на градот. За реализација на проектот ќе се користи заем од Европската банка за обнова и развој од 70 милиони евра.






