MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ТРГОВСКИ ЦЕНАР ВО ИЗРАЕЛ

03/07/2024 12:22

Две лица се повредени во напад со нож во трговскиот центар „Хуцот Кармиел“ во северниот дел на Израел. Станува збор за две момчиња на возраст од 20-тина години кои се наоѓаат во критична состојба, соопштија итните служби. Според „Тајмс оф Израел, двајцата се префрлени во медицинскиот центар Нахарија.

Нападот, според полициски извори, се истражува како терористички. Полицијата информира дека напаѓачот бил ликвидиран на лице место од еден од повредените.

„Идентитетот на напаѓачот сè уште не е познат“, изјави портпаролот на полицијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!