MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)Поранешниот англиски репрезентативец, Енди Керол пијан се тепа на улица во Лондон

03/07/2024 13:12

Поранешниот англиски репрезентативец, Енди Керол  е главна тема на британските медиуми откако се најде во центарот на вниманието поради скандал надвор од теренот.

Керол бил снимен на улиците во Лондон каде што по вечера во еден ресторан сакал физички да се пресмета со едно лице. Случајните минувачи го смирувале напаѓачот, но тој им се заканувал дека ќе има проблем и со нив доколку не го остават.

Фудбалерот кој во минатото го носеше дресот и на англискиот гигант Ливерпул на снимката објавена од британски „Сан“ е во очигледна алкохолизирана состојба.

„Минувачите кои беа во близина се обидуваа да го запрат и да го смират, но од него добиваа само закани“, пренесува „Сан“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!