Шокантно сведоштво: Девојка посведочи како маж тепал жена
30/05/2026 13:01
Шокантно сведоштво од Скопје: Девојка посведочи како маж брутално тепал жена, „Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“
Скопјанката Александра во објава на Фејсбук сподели шокантно сведоштво за семејно насилство што се случило среде бел ден. Нејзината малолетна ќерка посведочила како насилник брутално тепал и давел жена, а минувачите не реагирале, напротив, ја советувале да не се меша.
„Рацете му беа крвави“
Во објавата, Александра раскажува како нејзината ќерка била сведок на брутален чин на семејно насилство:
„Мојата ќерка се обидела да ѝ помогне на жената и го замолила да престане да ја малтретира. Со него имало уште еден маж, кој ѝ рекол: „Не се мешај, маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“.“
Ќерката на Александра, сепак, храбро одговорила:
„И да ѝ е маж, дали тоа значи дека смее да ја тепа?“
Закана кон девојката: „Таквите како тебе на к*р ги ставам“
Најстрашното во целата ситуација, вели Александра, е што никој од мажите кои поминувале не се осмелил да ѝ помогне на жената.
Наместо тоа, насилникот се свртел кон нејзината ќерка и ѝ се заканил:
„Таквите како тебе на к.. ги ставам“*
Апел до МВР: Итно да преземат мерки
Александра побара од Министерството за внатрешни работи итно да преземе мерки по овој случај.
„Насилството врз жени не смее да се премолчува, ниту да се оправдува со зборовите „маж ѝ е“. Денес била таа жена, утре може да биде било која“, порача таа.
Семејното насилство не е приватна работа
Ова сведоштво повторно ја отвора болната тема за семејното насилство во Северна Македонија и односот на општеството кон жртвите.
Статистиките покажуваат дека голем број случаи на насилство врз жени остануваат непријавени, делумно и поради ставовите дека „тоа е приватна работа“ или дека „мажот има право“, ставови што беа изречени и во оваа прилика од страна на маж до самиот насилник.
Од МВР засега нема официјално соопштение по повод објавата.





