ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР
05/07/2024 12:43
Почнувајќи од денес центарци можат да се пријавуваат за субвенции за секој купен велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет објави градоначалникот Горан Герасимовски. Финасиската помош е 30 % од вредноста на новиот велосипед, најмногу до 3000 денари.
Треба да се достави:
– Копија од лична карта како доказ дека сте жител на Општина Центар;
– Копија од трансакциска сметка;
– Фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет.
Повикот важи за сите велосипеди и тротинети купени по 1.6.2024
Субвенционирањето трае се до исцрпување на средствата, стои во објавата на Герасимовски





