Општина Ѓорче Петров ќе дава субвенции за клима уреди и топлотни пумпи
16/06/2025 17:12
Општина Ѓорче Петров објави јавен повик за субвенции за набавка на клима уреди или топлотни пумпи !
Општината за прв пат доделува субвенции за набавка на клима уреди или топлотни пумпи за затоплување на домаќинствата, со цел да ги стимулира граѓаните кон поекономично и еколошки прифатливо затоплување.
На јавниот повик може да аплицираат жители на општина Ѓорче Петров кои:
– имаат живеалиште на подрачјето на општината
– набавиле клима уред или топлотна пумпа во период од 01.01.2025 до 30.06.2025
– не користат и немаат техничка можност за приклучок на градско централно греење
– користеле печка на дрва, јаглен, нафта или мазут и се согласни доброволно да ја предадат на Општината
– не добиле претходно субвенција за печки за загревање (печка на пелети) или инвертери
Општината субвенционира: до 50% или максимум 15.000 денари за клима уред, до 10% или максимум 21.000 денари за топлотна пумпа.
Данокот на личен доход го покрива општината.
Документацијата се поднесува во затворен плик во архивата на општината, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот.
Јавниот повик е отворен до 30.06.2025 година или до исцрпување на буџетските средства.
Постапката ќе се реализира по редослед на пристигнување на барањата со комплетна документација.
Оваа мерка е дел од политиките на Општина Ѓорче Петров за енергетска ефикасност, заштита на животната средина и чист воздух, велат од општината.





