ВРЕМЕТО ДЕНЕС, СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 39 СТЕПЕНИ
09/07/2024 6:58
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
И утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност со температури до 40 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.




