(ВИДЕО)АРГЕНТИНА СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА КОПА АМЕРИКА, МЕСИ И АЛВАРЕЗ СТРЕЛЦИ
10/07/2024 7:30Фудбалската репрезентација на Аргентина очекувано се пласира во финалето на Копа Америка. Актуелниот светски првак ја совлада Канада со 2-0 (1-0) во полуфиналето на континенталното натпреварување, постигнувајќи по еден гол во двете полувремиња.

Избраниците на Лионел Скалони одиграа одличен натпревар, не му дозволија на ривалот воопшто да ги нападне и со головите на Хулијан Алварез и Лионел Меси дојдоа на чекор од нов голем трофеј. Аргентина поведе во 22. минута кога Родриго де Пол брилијантно го проигра Хулијан Алварез, а напаѓачот на Манчестер Сити покажа дека ќе биде прва ѕвезда на тимот откако Меси ќе се повлече од националниот тим и рутински ги донесе „гаучосите“ во водство.
Дека и понатаму е подготвен да направи разлика во кнационалниот тим на Аргентина, Меси покажа во 51. минута кога ја смести топката во мрежата по ударот на Енцо Фернандез и на тој начин му донесе недостижна предност на својот тим.
Во финалето Аргентина го чека победникот од второто полуфинале меѓу селекциите на Уругвај и Колумбија.



![Победа за Македонија: Македонската фудбалска репрезентација се пласираше во бараж натпреварите за пласман на СП во Катар 2022 Navivaci-makedonska-reprezentacija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/Navivaci-makedonska-reprezentacija1.jpg)


