MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)ХАОС НА КОПА АМЕРИКА: ДАРВИН НУНЕЗ СЕ ТЕПАШЕ СО НАВИВАЧИ НА ТРИБИНИТЕ

11/07/2024 7:00

Колумбија го победи Уругвај со 1:0 во полуфиналето на Копа Америка во Шарлот со голот на Џеферсон Лерма во 39. минута.

Таа го задржа водството, иако целото второ полувреме го одигра со играч помалку по исклучувањето на десното крило Даниел Муњоз. Така Колумбија ќе игра во финалето на Копа против Аргентина.

Сепак, натпреварот остана во сенка на хаосот што се случи по него на трибините на Американскиот стадион. Дарвин Нуњез, напаѓачот на Уругвај и Ливерпул, влета на трибината полна со навивачи на Колумбија и почна да ги напаѓа со тупаници, а набрзо му се придружија и соиграчите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!