MKinformer

your daily dose of news

КАЈ БРАНАТА „ГРАДЧЕ“ ПРОНАЈДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО НА 26 ГОДИШНА КОЧАНЧАНКА

15/07/2024 21:12

На 14.07.2024 во 20.13 часот во Полициската станица Кочани, од Јавното претпријатие „Водостопанство“ било пријавено дека на подножјето на браната „Градче“ било пронајдено тело на починато женско лице.

Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по извршениот увид и извршеното препознавање од родителите било утврдено дека станува збор за Н.Ј.(26) од Кочани.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, велат од МВР.

error: Содржината е заштитена од копирање !!