Безживотно тело пронајдено на Водно во летниковецот на Видиковец, лицето билo пријавено за изчезнато
24/05/2026 15:27
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во летниковецот „Видиковец“ на Средно Водно е пронајдено починато лице.
Според информациите од полицијата, станува збор за Б.П. (64) од Скопје, за кого претходно било пријавено дека се оддалечил од домот.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Засега не се соопштени повеќе детали за околностите под кои бил пронајден.





