МВР СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 36 ГОДИШЕН МАЖ ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО ВРЗ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АРАЧИНОВО
17/07/2024 8:48Поднесена е кривична пријава против 36-годишниот М.А. за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново и други лица.

- СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан од 01.04.2024 во с. Арачиново, скопско, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, додека вршеле увид во градежни работи, од страна на НН лице од автоматско оружје биле испукани повеќе проектили, при што со повреди се здобиле Е.С. (39) и А. А.(22). Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот.
По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.07.2024 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело “убиство во обид”, предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл.19 од К3.
Врз градоначалникот Ридван Ибраими беше пукано додека со полициско обезбедување, доделено поради заканите кон него, и со двајца соработници од општината се движел по главната улица во Арачиново. Напаѓачот со автоматска пушка излегол од куќите и почнал да пука. Полицаецот успеал да го оттурне градоначалникот во каналот до улицата и да го спаси, додека двајцата соработници од општината беа ранети. Еден потешко и беше опериран на градниот кош.
Првичните сомнежи беа дека станува збор за напад поради спор за земјиште покрај улицата за што кон Ибраими и општината веќе беа упатени закани и имаше два физички напада.




![Kpвaвa пpecтpeлka во Арачиново, игpaле и aвтoмати policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)

![ЕВЕ ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИЛО СО МОМЧЕТО КОЕ СЕ САМОЗАПАЛИ И ИМ ПОДЛЕГНА НА ПОВРЕДИТЕ policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)