ВЛАДАТА JA ПОНИШТИ СПОРНА ЗДЕЛКА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА КОМПЛЕКС СО ХОТЕЛ ЗА 500 ЕВРА МЕСЕЧНО
18/07/2024 18:05Претходната влада донесе одлука за отуѓување на комплексот „Крушино“ во близина на Кичево, која беше поништена од актуелната влада на седницата одржана на 6 јули.

Владата предводена од премиерот Талат Џафери донесе одлука со која го овластува Министерството за одбрана да отуѓи капитален објект во близина на Кичево. Станува збор за комплексот „Крушино“, кој вклучува хотел и повеќенаменски игралишта. Одлуката за отуѓување беше потпишана помеѓу тогашната министерка за одбрана Славјанка Петровска и со неа комплексот за 500 евра месечно се доделува на Кујтим Сула, управител на фирмата која раководи со комплексот „Кнежино (Куќа на уметноста)“, кој се наоѓа во близината на „Крушино“.
Кујтим Сула е близок до раководството на ДУИ и истовремено е зет на актуелниот претседател на ФФМ.
Според извори на Скопје Инфо, тој во предизборниот период бил активен на терен помеѓу гласачите, а неофицијално бил вклучен и во активности за поткупување на гласачи за политичката партија кој по 20 години не е повеќе дел од власта. Согласно одлуката потпишана од претходната министерка за одбрана, за само 500 евра месечно тој требаше да стопанисува со култниот објект „Крушино“, кој во минатото важеше за одличен комплекс за базични подготовки на спортски екипи.
Сепак, оваа замисла за евтино отуѓување на капитален објект нема да се оствари.






