СРЕДБА МИЦКОСКИ-РАДЕВ: Тема секако договорот за добрососедство и односите помеѓу двете земји
19/07/2024 16:19Македонскиот премиер Христијан Мицкоски имаше прва средба со бугарскиот претседатл Румен Радев, на маргините на Самитот на Европска политичка заедница што се одржа во Вудсток во Англија.

За неа информираше Мицкоски, но не откри детали, освен што потенцираше дека однсосите со Бугарија се „главен приоритет“.
Според информациите од официјална Софија, пак, бугарскиот претседател на средбата побарал забрзано спроведување на договорот за добрососедство кој како што нагласил, треба да ја отвори европската перспектива на земјава.
„Румен Радев во разговор со премиерот Христијан Мицкоски изрази надеж дека Македонија ќе ја забрза имплементацијата на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и договорите на земјата со Европската унија, што ќе ја отвори перспективата за почеток на преговори за полноправно членство со ЕУ.“ – соопштија од кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев.
За проблемот со Бугарија и закочените евронитеграции, Мицкоски на Самитот разговарал и со првиот човек на Европскито Совет Шарл Мишел.
-Главен приоритет на Македонија и на новата македонска Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед,- Христијан Мицкоски – Претседател на владата
.Македонскиот премиер информираше и дека на самитот во Британија се сретнал и со кралот Чарлс трети, на која како што соопшти на социјалните мрежи, дискутирале за билатералните односи меѓу двете земји и можностите за идна соработка меѓу двете земји. Покрај со британскиот крал, на самитот Мицкоски имаше средба и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, но и со Претседателот на Украина Володимир Зеленски на кого како што напиша, му ја изразил недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ.





