MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)ДЕЧИЊА ОД АФРИКА СИ ИГРААТ „АТЕНТАТ ВРЗ ТРАМП“, НАПРАВИЛЕ ЦЕЛА РЕКОНСТРУКЦИЈА

20/07/2024 10:04

Атентатот на Доналд Трамп минатата сабота е еден од настаните кои дефинитивно ќе ја одбележат оваа година, а можеби и деценија.

Пукотниците од Пенсилванија се слушаа низ сите делови на светот, поради што не е чудно што децата во Уганда решија да глумат атентат на Трамп, објави Дејли Меил.

Снимката од невината детска игра во која се употребени дрвени пиштоли, а бината е направена од пластични кутии, привлече големо внимание и беше прегледана неколку милиони пати на социјалните мрежи.

Децата детално го копираа обидот за атентат. На митингот имале и публика, а откако одекнаа наводните истрели, малиот Трамп во бела маица и со шал на главата, легна опкружен со своите телохранители исто како и публиката…

Тогаш телохранителите на момчето го симнуваат од бината, а тој извикува „Борба!“ со раширена тупаница, исто како што тоа го направи вистинскиот Трамп.

Додека вистинскиот атентат предизвика паника, го привлече вниманието на јавноста и покрена загриженост за безбедноста, гледачите на оваа детска игра имаа главно хумористични коментари:

„Тајната служба би завршила подобра работа доколку ги ангажираше овие деца“, се вели во еден од коментарите.

Се чини дека цел свет гледаше што се случува во Америка.

„Сè уште не мислам дека сме свесни за длабочината на она што сите го видовме.“

error: Содржината е заштитена од копирање !!