MKinformer

your daily dose of news

ОН изгласа нова карта на светот, Африка конечно ќе биде прикажана во реална големина, САД единствени против

05/09/2026 11:12

ОН изгласа нова карта на светот со која попрецизно ќе се прикажуваат релативните големини на државите и континентите. Резолуцијата е поддржана од 164 земји, а САД биле единствените што гласале против.

Резолуцијата „Correct the Map“ ја предложија земјите-членки на Африканската унија заедно со Бахамите.

Шест земји биле воздржани: Естонија, Грузија, Литванија, Молдавија, Србија и Украина.

Зошто Африка изгледа помала на старите карти?

Најголем дел од критиките се однесуваат на Меркаторовата проекција.

Таа е создадена во 1569 година и долго време се користи поради практичноста за навигација.

Проблемот е што таа ја искривува површината на земјите.

Колку една територија е подалеку од екваторот, толку поголема изгледа на картата.

Затоа Гренланд на многу карти изгледа приближно колку Африка.

Во реалноста, Африка е околу 14 пати поголема од Гренланд.

Наместо Меркатор – „Еднаква Земја“

Резолуцијата повикува на поширока употреба на проекцијата „Equal Earth“, односно „Еднаква Земја“.

Оваа проекција е создадена за попрецизно да ги прикажува релативните површини на континентите и државите.

На неа Африка изгледа значително поголема отколку на Меркаторовата карта.

Истовремено, Европа, Гренланд и други северни територии изгледаат помали.

ОН инаку досега немаа една единствена задолжителна картографска проекција. Секретаријатот користи повеќе различни проекции зависно од намената на картата.

Африканската унија ја туркаше иницијативата

Африканската унија претходно ја поддржа проекцијата „Еднаква Земја“.

Того потоа ја предводеше иницијативата во Обединетите нации.

Предлогот беше ставен на гласање на 4 септември на пленарна седница на Генералното собрание.

Во образложението се наведува дека старите картографски проекции создаваат погрешна претстава за големината на Африка, Јужна Америка и Јужна Азија.

ОН изгласа нова карта на светот со огромно мнозинство, а целта е континентите и државите да бидат прикажани со пореални меѓусебни пропорции.

error: Содржината е заштитена од копирање !!