ВАРДАР СЛАВИ 77 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
22/07/2024 13:34
Најголемиот македонски спортски бренд, денес го прославува својот 77 роденден. Роден во истоименото кино на 22.07.1947, создаден за да пркоси, за да биде база на македонштината и симбол на градскиот дух и спортскиот квалитет се вели во објавата на Фејсбук
„Во чест на сите генерации на фудбалери и спортски работници кои биле дел од ФК Вардар, во чест на сите подеми и падови, порази и победи, но пред се во чест на народот и навивачите кои се обединија и не дозволија црвено-црната гордост да пропадне. „Симболично, во чест на роденденот на Вардар, утре ќе биде одигран пријателски натпревар против екипата на Динамо Загреб, кој ќе се одигра на стадионот ,,Максимир” во Загреб, со почеток во 19:00ч.“ напишаа вардарци.






