ТРАГЕДИЈА ВО РАДИШАНИ: 19 годишно момче излегло од базен, сакал да пушти музика, починал од струен удар
23/07/2024 17:15
Вчера во 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на домашна забава во Радишани, скопско, од струен удар починал Љ.Љ.(19) од Скопје.
Според пријавеното 19-годишникот излегол од базен и преку миксетата сакал да пушти музика по што паднал од краток спој.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир се вели во соопштението на МВР.




![18-годишник со мотор загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир soobrakajka-motor[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/soobrakajka-motor1.jpg)

